Преминот Стража е моментално блокиран, откако снегот повторно предизвика проблеми на патниот правец Гостивар – Кичево. Снегот ги „изненади“ надлежните служби, што доведе до влошени услови за сообраќај.
Од 21:40 часот е воведена забрана за движење на тешки товарни возила на овој патен правец во двата правца. Сообраќајот за лесни моторни возила е дозволен, но се препорачува зголемена претпазливост поради лизгавиот коловоз и снежната покривка.
Возачите се повикуваат да ја следат состојбата на патиштата и да се придржуваат до упатствата на надлежните служби за безбедно патување.