Македонија

ВИДЕО Со џип се качил на пешачка патека во Бутел, па принудил човек во инвалидска количка да се тргне за тој да помине!

ВИДЕО Со џип се качил на пешачка патека во Бутел, па принудил човек во инвалидска количка да се тргне за тој да помине!

На социјалните мрежи се споделува видео на кое се гледа како возач на џип марка „Ауди“ вози на пешачка патека, а пред него се движи човек во инвалидска количка.

Според сведоштвото на објавата, возачот го принудил човекот во инвалидската количка да се тргне кон десно, за тој на тротоарот да помине. Овој инцидент се случил во скопски Бутел.

„Господинов вчера го натера човекот во инвалидска количка да се помрдне десно за да помине неговото величество “ГОСПОДИН”. Прашањето е кој е овде ИНВАЛИД и дали постои орган кој ќе го санкционира дебилизмов. Споделувајте, “ГОСПОДИНОТ” заслужува да стане познат“, се вели во објавата.

Граѓаните во коментари го повикуваат МВР да реагира со оглед на тоа што на објавата ја има и регистарската табличка на возачот, и да го санкционира заради ваквото возење.

Ноќно студио

Најнова епизода

Ноќно студио со Горан Минчев, министер за јавна администрација 24.09.2026

Сите епизоди →
Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни