Македонија

ВИДЕО Со неисправно противпожарно возило се гаснел пожарот во дискотеката „Пулс“

ВИДЕО Со неисправно противпожарно возило се гаснел пожарот во дискотеката „Пулс“

Гаснењето на пожарот во дискотеката „Пулс“ во Кочани, каде што загинаа 62 лица и беа повредени речиси 200, било изведено и со неисправно противпожарно возило.

Во истото за време на гаснењето имало пожарникар кој ја држел кочницата, за да истото може да се користи, открива в.д. градоначалникот на Општина Кочани, Венко Крстевски.

Друго пак возило кое било користено е исправно, но старо 47 години.

Противпожарната единица во Кочани располага со пет возила, од кои две се неисправни, и сега се вон употреба, а другите три, како што вели Крстевски, се во многу лоша состојба.

Ноќно студио

Најнова епизода

Ноќно студио со Горан Минчев, министер за јавна администрација 24.09.2026

Сите епизоди →
Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни