Македонија

ВИДЕО Сообраќајка на автопатот Скопје – Куманово

ВИДЕО Сообраќајка на автопатот Скопје – Куманово

Вечерва сообраќајот се одвива само по една коловозна лента, додека другите ленти се блокирани од товарни возила. Колона од возила се формира од наплатната рампа кај Петровец.

Сообраќајка на автопатот Скопје – Куманово, спроти рафинеријата ОКТА се случи вечерва меѓу автомобил и товарно возило, информира „360 Степени“ од местото на настанот.

Веќе час и половина сообраќајот се одвива само на една коловозна лента. Останатите ленти се блокирани од товарни возила. Застојот почнува од наплатната рампа кај Петровец.

Според информациите, сообраќајката се случила меѓу автомобил со кумановски регистарски таблички и камион со кумановски регистарски таблички.

Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни