ВИДЕО: Соседите фасцинирани од скопскиот „бурек во кифла“

Се чини граѓаните од соседните држави се фасцинирани од скопската симит-погача, а секојдневно на социјалните мрежи можат да се видат видеа во кои тие го испробуваат овој специјалитет.

Имено, се работи за печиво од тесто во вид на сендвич составен од лепче (кифла) и од мрсна (празна) пита, која наликува на бурек.

Бидејќи симитот е вид на месено лебно печиво, ваквиот вид на симит погача е препознатлив за Скопје, па оттаму е познат и како скопски симит.

@paqito__

Furna, Čair, Skoplje Šta kažete na burek u hlebu?

♬ original sound – Paqito