Министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски се збогуваше со своите соработници во МВР. Тој сите ги собра во Клубот на пратеници каде им се заблагодари за досегашната соработка.
Додели и награди за дел од вработените, а и тие него не го оставија без поклон.
Министерот во оставка доби шаховска табла, при што тој изјави: Сега мора да го направам вистинскиот потег.
Спасовски е меѓу кандидатите за претседател на Македонија кои последниот период се споменуваат во јавност.