Скандал се случи за време на официјалниот пречек на генералниот секретар на НАТО Јенс Столтенберг пред зградата на Владата.
Откако пристигна автомобилот во кој се превезуваше шефот на Алијансата, тој не излезе веднаш, бидејќи премиерот Димитар Ковачевски не беше пристигнат на местото за пречек.
Ова се забележува и на официјалното видео дистрибуирано од страна на Владата.
Ова се случува за прв пат, гостин да чека во автомобил пред зградата на Владата. Досега секогаш домаќинот бил на местото за дочек пред да пристигне автомобилот со гостинот.
На пример пред три недели кога во посета на Скопје беше претседателката на Европската комисија Урсула Фон Дер Лајен, премиерот Димитар Ковачевски беше на местото за пречек, веднаш штом пристигна автомобилот.
Од фотографијата може да се забележи дека тој е пред зградата на Владата дури и пред обезбедувањето да излезе од возилото на претседателката на ЕК.