Балкан

ВИДЕО: Страшно во Измир! Голема паника по земјотресот, има повредени!

ВИДЕО: Страшно во Измир! Голема паника по земјотресот, има повредени!

Три лица се повредени во синоќешниот земјотрес со јачина од 4,9 степени во турскиот егејски регион Измир, изјави министерот за внатрешни работи Сулејман Сојлу, цитиран од Си-Ен-Ен-Турк и телевизијата ТРТ-Хабер.

Земјотресот со јачина од 4,9 степени според Рихтеровата скала се случил во областа на градот Буја на длабочина од 14,47 километри во 03:29 часот по локално време (02:29 часот по бугарско време), информираат од владината Дирекција за управување со катастрофи и вонредни состојби (АФАД).

Според податоците на Европско-медитеранскиот сеизмолошки центар, земјотресот бил со јачина од 5,1 степени.

Земјотресот траел 20 секунди и предизвикал силна паника меѓу луѓето.

Потресот беше почувствуван во голем број соседни окрузи во областа, вклучувајќи ги Ајден и Маниса. Следеа 13 последователни потреси.

Министерот за внатрешни работи Сулејман Сојлу, кој пристигна во Измир, изјави дека засега нема извештаи за загинати, но има извештаи за тројца повредени. Тие се повредени при скокање од прозорците на нивните домови. Еден од нив е во тешка состојба.

Има извештаи и за оштетувања на 20 згради, каде што се формирале пукнатини. Се урна и минаре од џамија.

Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни