Повредениот Златко Димов во пожарот кај росоманското село Сирково, се опоравува од изгорениците.
Тој беше хоспитализиран на Клиниката за пластична хирургија во Скопјеа, сега е пуштен на домашно лекување каде се опоравува од изгорениците. Димов има неполни 40 години.
Во моментов невработен, сопруг и татко на три малолетни деца. Кога неговиот син му рекол дека има пожар, го земал тракторот со цел да направи противпожарна пресека за да го спречи пожарот да се прошири кон селото. Со оглед на тоа дека имало силен ветер, одеднаш пламените јазици биле околу него. Одлучил со тракторот да помине низ нив, со што се здобил со изгореници.