Свет

ВИДЕО: Три лица загинаа во страшна сообраќајна несреќа во Италија, сите во возило на брза помош

ВИДЕО: Три лица загинаа во страшна сообраќајна несреќа во Италија, сите во возило на брза помош

Тешка сообраќајна несреќа се случи во понеделник на автопатот А1 во Италија, при што загинаа три лица, а 15 се повредени.

Несреќата е предизвикана од камион кој преминал во спротивната лента и се судрил со неколку возила, вклучувајќи автобус, друг камион, автомобил и амбулантно возило.

Сообраќајот е запрен во двата правци на автопатот, а започната е и спасувачка акција. Службите објавија дека загинале три лица од амбулантното возило, возачот и неговиот придружник, двајцата волонтери, како и пациент кој лежел на носилка во моментот на несреќата.

Во спасувањето учествуваа и хеликоптери, пожарникари и болничари. Од 15-те повредени, еден е во критична состојба, а четворица се сериозно повредени.

Блокадата на еден од најважните автопати во Италија, кој ги поврзува Милано и Неапол, предизвика сообраќаен метеж и редици од километри на излезите кон Рим и Фиренца, пишува „Кориере дела Сера“.

Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни