Пожар избувнал во магацинскиот простор на Македонски Железници во Кисела Вода.
Зафатени се неколку вагони.
Според првичните податоци, на местото на настанот се наоѓаат екипи на противпожарната служба кои се обидуваат да го локализираат и изгаснат огнот.
Причините за пожарот засега не се познати, а надлежните органи се на терен за истрага.
Не се потврдени информации за можни повредени лица.