ТВ21 е единствената национална телевизија во Македонија која посвети четири часа отворено специјално студио за кризата во Украина.
Отвореното студио го започна Јовица Пауноски од 20 часот, со професорката по безбедност Фросина Ташевска Ременски и воениот аналитичар Милан Стефановски.
Во живо во етерот на ТВ21 се вклучи и Министерот за надворешни работи Бујар Османи кој упати последен апел за евакуација на нашите граѓани кои се наоѓаат во Украина.
За ситуацијата во Киев, преку видео порака се јави амбасадорот на Северна Македонија во Украина, а сликата за последните случувања во Украина беше пренесена и од Амбасадата на Украина во Македонија.
Од 20.45 студиото на ТВ21 го презеде Борјан Јовановски кој заедно со Маја Кадиевска – Војновиќ ги анализираше економски полседици по оваа криза.
За ТВ21 зборуваше и Министерката за одбрана Славјанка Петровска како и Димитар Бачев, автор на книгата за руската политика со Путин.
Подоцна до 23 часот студиото го презема Љубиша Цветковски со редовното издание на дебатнио магазин Клик Плис. Во тој дел гости беа професорот Александар Навец и професорот Методи Хаџи Јанев.