Полицијата го уапси 45-годишниот вевчанец кој се закануваше со убиство на премиерот Зоран Заев и на претседателот Стево Пендаровски. Полицијата извршила претрес во неговиот дом и му го одзела лаптопот.
-Тој, на својот „Фејсбук“ профил, како и на повеќе електронски портали, објавил видео клип со заканувачка содржина, промовирал и поттикнувал омраза, дискриминација и насилство кон други лица. При претрес извршен во неговиот дом, а врз основа на наредба од судија на претходна постапка, пронајдени се и одземени лап-топ компјутер и други предмети поврзани со делото, велат од полицијата.
По целосно документирање на случајот, против него ќе биде поднесена соодветна пријава.
Видеото е објавено на Фејсбук, а потоа и пренесено на Твитер. Вевчанецот се заканува дека ќе го беси и ќе го коли Заев.