Македонија

ВИДЕО Уапсен и задржан во полициска станица возачот кој со мопед удри дете и избега во Бутел

ВИДЕО Уапсен и задржан во полициска станица возачот кој со мопед удри дете и избега во Бутел


Во врска со видеото кое беше објавено на социјалните мрежи на кое се гледа мопед како удира дете и го напушта местото на настанот, Министерството за внатрешни работи ја известува јавноста дека се преземени соодветни мерки и активности и возачот е пронајден и против него ќе биде поднесена кривична пријава по брза постапка. Настанот се случил на 02.04.2025 во 14.05 часот на крстосница од ул.”Ферид Бајрам” и ул.”Алпи” во Скопје кога мопед удрил осумгодишно дете и го напуштил местото на настанот, а на детето му се констатирани телесни повреди во ГОБ “Св. Наум Охридски”.

По преземени мерки, полициски службеници од СВР Скопје го пронајдоа возачот Ч.Т. (63) од Скопје и против него ќе биде поднесена кривична пријава по чл.297 од КЗ за загрозување на безбедноста на сообраќајот, чл.297А од КЗ за безобзирно возење и чл.301 од КЗ за неукажување помош на лице повредено во сообраќајна незгода, по брза постапка.

Ноќно студио

Најнова епизода

Ноќно студио со Горан Минчев, министер за јавна администрација 24.09.2026

Сите епизоди →
Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни