Алија Балијагиќ (65), осомничен за двојното убиство на Јован и Миленко Маџгаљ кај Бијело Поље, утрово е уапсен недалеку од Прибој, во Србија, соопшти МВР на таа земја.
Погледнете како изгледаше носењето на Алија Балијагиќ во полициската станица во Прибој.
View this post on Instagram
Се вчитува...
Балијагиќ се бара од 25 октомври.
Балијагиќ е осомничен дека ги убил братот и сестрата Јован и Миленко Маџгаљ во семејната куќа во селото Соколац. Повратникот повеќе пати бил осудуван за сторени кривични дела. Во август излегол од затвор, каде што бил од ноември 2015 година, поради силување на седумдесет и шестгодишна жена и кражба.
