Македонија

ВИДЕО Утре официјално отворање на лизгачката сезона во Скопје

ВИДЕО Утре официјално отворање на лизгачката сезона во Скопје

Лизгалиштето во Спортскиот центар „Борис Трајковски“ ќе ја отвори новата сезона со целосно обновен изглед и свежа енергија. Посетителите ќе можат да уживаат во ново осветлување, ребрендирани простории и мраз подготвен според највисоки стандарди.

Директорот на СЦ „Борис Трајковски“, Данијел Апостоловски, преку Фејсбук најави дека официјалното отворање на лизгачката сезона е закажано за утре, 29 ноември 2025 година, сабота.

Љубителите на лизгањето ќе имаат можност да уживаат во одличните услови на лизгалиштето, кое оваа година се претставува во нов, современ сјај.

Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни