ВИДЕО: Во Американската амбасада во Скопје се симнуваа со јажиња, спасуваа човек, сечеа автомобили… еве што се случувало изминатата недела

Американската амбасада во Скопје, организираше обука за реакција при природни катастрофи. Во обуката учествуваа безбедносните тимови на американските амбасади во Скопје и во Тирана, како и од противпожарната служба на Македонија.

„Кога ќе се случат природни катастрофи, знаењето како да се реагира брзо и ефективно може да ја направи сета разлика. Затоа нашата Регионална канцеларија за безбедност организираше еднонеделна обука за природни катастрофи, на која се собраа противпожарната служба на Северна Македонија и безбедносните тимови од Амбасадата на САД во Скопје и Амабсадата на САД во Тирана.

Со насоки од искусни експерти од Службата за дипломатска безбедност на Стејт департментот, 🇲🇰 храбрите пожарникари и 🇺🇸 мисијата прва помош ги совладале вештините за спасување животи – од брза евакуација и спасувачки операции до пружање критична прва помош во итни случаи“, стои во соопштението на Американската амбасада.