Балкан

ВИДЕО: Во Турција продаваат литар отров од скорпија за 10 милиони долари

ВИДЕО: Во Турција продаваат литар отров од скорпија за 10 милиони долари

Супстанцијата, способна да убие човек за неколку секунди, се користи и во козметиката.

Лабораторија во југоисточната турска провинција Шанлиурфа е зафатена со необична активност – вадење отров од скорпии. Супстанцијата, која може да убие човек за неколку секунди, е вредна состојка во медицината и во козметичката индустрија. Од него се произведуваат антибиотици, лекови против болки и креми за убавина, кои се продаваат низ целиот свет.

Главната задача на лабораториските техничари е да го извлечат отровот од шилците на опашката на шкорпиите. Супстанцијата потоа се замрзнува и, користејќи сложен хемиски процес, се претвора во прав пред да се подготви за продажба.

Од една скорпија може да се извадат околу 2 милиграми отров. „Во нашата лабораторија дневно не се произведуваат повеќе од два грама супстанција“, вели сопственикот Метин Оренлер.

Затоа овој отров е исклучително скап. Според Оренлер, еден литар од супстанцијата чини околу 10 милиони долари. И покрај високата цена, нема недостиг од купувачи, вели тој. „Го извезуваме нашиот производ во земји низ цела Европа, вклучувајќи ги Велика Британија, Германија и Швајцарија“, тврди сопственикот на лабораторијата за скорпии.

Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни