Телевизиските снимки прикажуваат јужнокорејски трупи како влегуваат во главната сала на парламентот.
Ова следи по изненадното телевизиско обраќање на јужнокорејскиот претседател, кој прогласи воена состојба низ целата земја.
Јун не кажа какви мерки ќе бидат преземени. Тој го наведе предлогот на опозициската Демократска партија, која има мнозинство во парламентот, за отповикување на највисоките обвинители и отфрлање на владиниот предлог-буџет.
„За да се заштити либералната Јужна Кореја од заканите од комунистичките сили на Северна Кореја и да се елиминираат антидржавните елементи… Прогласувам вонредна воена состојба“, рече Јун во телевизиско обраќање во живо до нацијата.
Над зградата на Парламентот надлетуваат хеликоптери.
Кризата во Јужна Кореја има влијание и на финансиските пазари, па токму од тука вечерва е закажан итен состанок на кој ќе се расправа за оваа точка.