Рано утрово непознати лица го запалиле приватниот автомобил на Артан Груби. Првиотвицепремиер до моментов нема официјален коментар по однос на овој инцидент.
Според достапните информации и видео инсертите кои ги објави ТВ21, станува збор за луксузен автомобил од марка „Ауди“.
Непознати лица околу 3 часот го потпалиле автомобилот на Груби. Инцидентот се случил на улица „Струмичка“.
Полицијата во придружба на дежурен обвинител излегла на местото на настанот рано изутрината и го истражува случајот