Македонија

ВИДЕО: Затвореник осуден на 18 години казна затвор си користел викенд отсуство, полицијата го фатила со пиштол и куршуми!

ВИДЕО: Затвореник осуден на 18 години казна затвор си користел викенд отсуство, полицијата го фатила со пиштол и куршуми!

На 30.07.2023 од страна на полициски службеници од Одделот за криминалистичка полиција, Сектор за недозволена трговија со дрога оружје и опасни материи заедно со СВР Штип на булевар „Гоце Делчев“ во Штип приведен е В.И. (51) од Кочани бидејќи кај него биле пронајдени автоматски пиштол „шкорпион“ и 21 куршуми калибар 7.65 мм.

Лицето во моментот издржува казна затвор во траење од вкупно 18 години во КПУ Куманово, а користел викенд отсуство.

Известен е јавен обвинител и од страна на СВР Штип по документирање на случајот ќе биде поднесена кривична пријава за извршено кривично дело по чл.396 од КЗ.

Ноќно студио

Најнова епизода

Што се случува со „Алта банка“? Ноќно студио со Кирил Миноски

Сите епизоди →
Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни