Македонија

Видевски, Манев и Кешишов седнуваат на обвинителна клупа, започнува судењето за убиството на Вања и Панче!

Видевски, Манев и Кешишов седнуваат на обвинителна клупа, започнува судењето за убиството на Вања и Панче!

На 30 јули (вторник) започнува судењето против обвинетите за убиството на 14-годишната Вања Ѓорчевска и на 74-годишниот Панче Жежовски.

Ова се случува на осум месеци откако беа уапсени, а сега на обвинителна клупа ќе седнат Боре Видевски, Велибор Манев и Влатко Кешишов кои се обвинети дека биле соизвршители во грабнувањата и убиствата.

Во случајот е обвинет и таткото на Вања, Александар Ѓорчевски. Тој се товари дека помогнал во грабнувањето.

Засега надвор од групата останува Љупчо Палевски -Палчо, бидејќи истрагата против него се уште трае. Се чека вештачењето на телефонот и другите доказни материјали кои беа најдени кај него, кога беше уапсен во Турција.

За предметот ќе суди судијата Ивица Стефановски, претходно познат како судија кој постапуваше во случајот Монструм.

Според обвинението целта на обвинетите им била да присилат член на потесното семејство на Вања да даде парични средства за откуп.

Судот во понеделникот соопшти дека обвинителниот акт се одобрува во целост, а приговорите на одбраната се одбиени како неосновани.

Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни