„Вие што земавте пасоши од други држави треба да ви се честита“ – скопјанка револтирана од хаосот

Граѓаните не престануваат „да го исфрлаат“ својот гнев на социјалните мрежи за, како што велат, неправдите од сопствената држава.

Скопјанка го сподели своето искуство:

– Сите што си земавте пасоши од други држави треба ви се честита какви тоа визионери сте биле човече…….па во ваква пропаст од држава за да се родиш е таква казна. Сликана на 20 декември за сите документи, денес добивме лични карти на кои пишува дека се изработени на 15.01.2024 ( а ги добиваме на 11.02), а за мојата возачка не знаеле ништо, споделуваа таа.

– Документиве ги цепкаат зошто поим немаат кој пие кој плаќа, хаос од невидени размери. Како до сега некој не потепа пола власт сеуште е мистерија. Да беше ова Франција, уште првиот ден ќе гореше пола држава, ама ете ние ќе си седиме не само во скапаницава од држава туку и дома зошто немаме возачки на пример…вели таа видно револтирана.

Следете го 4NEWS.mk на друштвените мрежи Facebook | Twitter | Instagram, како и преку нашиот Viber чет.
spot_img

Најважното