Македонија

Викендов авионско прскање против комарци во Скопје

Викендов авионско прскање против комарци во Скопје

Град Скопје информира дека претстојниот викенд ќе спроведе авионска дезинсекција против возрасни форми на комарци на целата територија на главниот град.

Според соопштението, активностите се планирани за 27 јуни (сабота) и 28 јуни (недела), во раните утрински часови, кога условите се најповолни за ваков вид третман.

Од градските власти посочуваат дека доколку временските услови не дозволат реализација на прскањето во предвидените термини, дезинсекцијата ќе биде одложена и ќе се изврши првиот нареден ден кога ќе има соодветни временски услови, во истиот временски период.

Воедно, Град Скопје упати апел до пчеларите навремено да ги преземат неопходните мерки за заштита на пчелните семејства за време на спроведувањето на активностите.

Авионската дезинсекција е дел од редовните мерки за намалување на популацијата на комарци и заштита на здравјето на граѓаните во текот на летниот период.

Ноќно студио

Најнова епизода

Ноќно студио со Стефанија Кузмановска и Тодор Конески 10.06.2026

Сите епизоди →
Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни