Сите оние кои сакаат викендов со автомобил да го посетат Водно, нема да можат да паркираат на големиот паркинг, поради одржување на спортска манифестација, соопштуваат од МВР.
„На 08 и 09.12.2018 година (сабота и недела) во времето од 07.00 до 15.30 часот, во организација на АКК Примо АВЈ – Скопје ќе се одржи спортска манифестација „Авто слалом-спретно возење Скопје 2018“ на големиот паркинг на Водно. Од тие причини ќе биде затворен големиот паркинг на Водно.
Се вчитува...
МВР апелира до граѓаните да ги почитуваат наредбите што ги издаваат полициските службеници“, велат од МВР.
