Македонија

Викендов посебен режим на сообраќај во Охрид – ќе има средба меѓу Курти и Вучиќ

Викендов посебен режим на сообраќај во Охрид – ќе има средба меѓу Курти и Вучиќ

МВР ги известува граѓаните дека, поради средбата меѓу српскиот претседател и косовскиот премиер што викендов ќе се одржи во Охрид, на подрачјето на СВР Охрид се преземаат соодветни безбедносни мерки.

Активностите се насочени кон физичко и сообраќајно обезбедување на сообраќајниците и други објекти за што се веќе остварени контакти и координација со службите од локалната самоуправа, како и со сите правни субјекти одговорни за одржување на патиштата и улиците во градот, со Фондот за комунални дејности, сообраќај и улици при Општина Охрид, со јавните претпријатија како и со други релевантни субјекти.

Полициската станица за безбедност во патниот сообраќај Охрид интензивно презема мерки за сообраќајно обезбедување, контрола и регулирање на сообраќајот, пред сѐ по булеварот „Туристичка“, но и по другите патишта и сообраќајници каде не е дозволено запирање или паркирање на моторни возила и каде е предвидено да се врши непречено пропуштање на возилата со приоритет на минување.

Воедно, сообраќајното обезбедување ги опфаќа и останатите магистрални, регионални и локални патишта, како и заштитниот појас на патиштата, заедно со улиците во населените места и паркиралиштата.

Апелираме до граѓаните да ги почитуваат наредбите што ги издаваат полициските службеници по сообраќајниците и по другите подрачја, со цел подигнување на степенот на сигурност за време на овој настан.

Ноќно студио

Најнова епизода

Ноќно студио со Ивана Петковска, Коалицијата „Сите за правично судење“ 17.09.2026

Сите епизоди →
Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни