Македонија

Викендов во Скопје ќе се прска против комарци

Викендов во Скопје ќе се прска против комарци

Градот Скопје ги известува граѓаните дека на 01.06 и 02.06.2024 година (сабота и недела) во раните утрински часови ќе се реализира авионска дезинсекција на подрачјето на градот Скопје против возрасни форми на комарци.

„Доколку временските услови не го дозволуваат вршењето на дезинсекцијата, истата ќе се изврши првиот нареден ден, кога ќе бидат поволни временските услови, во истиот термин.

Се известуваат пчеларите навреме да ги преземат потребните мерки за заштита на пчелите“, се вели во соопштението на Град Скопје.

Ноќно студио

Најнова епизода

Ноќно студио со Борче Треновски, универзитетски професор 15.10.2026

Сите епизоди →
Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни