Најдовме рецепт за К-дог, познат корејски хот-дог кој е специфичен по тоа што виршлата се премачкува со тесто, често пред тоа се завиткува и топи кашкавал, а потоа се пржи во длабоко масло.
Оваа популарна улична закуска е хит.
Како да се направи К-дог?
Ќе ви треба:
6 виршли, колбаси (варени) или долгнавести парчиња кашкавал
3 пара дрвени стапчиња за ражен
1 чаша лебни трошки
масло за пржење
За смесата за премачкување виршла:
1 и 1/4 чаши обично брашно
2 лажици шеќер
1/2 лажичка сол
2 лажички прашок за пециво
125 мл ладно млеко
1 јајце
На дрвени стапчиња намачкајте виршли, колбаси или моцарела, па ставете го во фрижидер додека ја правите смесата за премачкување. За смесата во поголем сад ставете ги брашното, шеќерот, солта и прашокот за печиво, истурете го млекото и додадете го јајцето. Изматете за да добиете смеса без грутки. Тестото треба да биде многу густо и лепливо.
Во тавата за пржење сипете масло, да биде доволно длабоко да ја покрие целата виршла откако ќе се стави внатре виршлата. Секоја виршла/сирење премачкајте ја со смесата, па валкајте ја во презла.
На врелото масло ставете 2-3 виршли за да не се излади премногу. Пржете неколку минути од секоја страна, додека тестото не стане темно златно кафеаво и сварено. Зачинете со мајонез или кечап. Препорачуваме мајо sriracha.
@kroger Korean hotdogs are a game changer. 🌭 #kroger #koreanhotdog #kdog #aapimonth #easyrecipes #foodies @BasicSundayCooking ♬ original sound – Kroger
