Македонија

Вистинска пролет: Денеска ќе биде сончево и топло!

Вистинска пролет: Денеска ќе биде сончево и топло!

Сончево и топло со мала до умерена локална облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од западен, а долж Повардарието од северозападен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од -4 до 2, а максималната ќе достигне од 15 до 20 степени.

Во Скопје сончево и топло со мала облачност и со слаб до умерен ветер од северозападен правец. Минималната температура ќе се спушти до -2, а максималната ќе достигне до 17 степени.

Продолжува периодот на стабилно и топло време со дневни температури кои на повеќе места ќе бидат над просекот за овој период од годината. Во понеделник ќе има преодно зголемување на облачноста, со умерен до засилен ветер од северозападен правец и благ пад на дневните температури.

Ноќно студио

Најнова епизода

Ноќно студио со Ивана Петковска, Коалицијата „Сите за правично судење“ 17.09.2026

Сите епизоди →
Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни