„Тотал Инженеринг Струмица“, градежната фирма на бизнисменот Вице Заев, пред повеќе од една недела станала нов сопственик на Бојана БС Панел, претпријатие дотогаш во сопственост на Боро Стојчев, познат по тоа што беше уапсен и осуден за шверц на цигари додека беше градоначалник на Општина Ново Село, објави „Фактор.мк“.
Десетина дена пред превземањето од страна на „Тотал Инженеринг“, Бојана БС Панел стана сопственик на местото на Стојчев на фирмата за производство на електрична енергија Бојана Енерџи. Седиштето на двете фирми е во Ново Коњарево во рамки на општината која што ја предводеше Стојчев, кого опозицијата го нарекува уште и „Боро Малборо“.
