Македонија

Владата брише долгови со пари од граѓаните, дали се мотивираат и редовните плаќачи да не плаќаат?

Уште колку долгови ќе избрише Владата со пари од државниот буџет? Бурни реакции во јавноста, пред се преку социјалните мрежи за одлуката за бришење на долговите, пред се на општините. За оваа намена, како што беше најавено, Владата  ќе одвои 50 милиони евра од буџетот, или пари собрани од граѓаните, за бришење на долгови на општините. Оние кои работеле домаќински ќе добијат помалку пари, а општините кои направиле поголеми долгови, ќе добијат поголема сума.

Нови негативни реакции од јавноста предизвика одлуката на Владата да ги брише долговите на граѓаните кон ЕВН. За оваа намена планирани се 110 милиони евра од буџетот, за околу 200 илјади граѓани, кои не платиле сметки за струја од 2006 година.

Но, сето ова не завршува овде. Владата вчера објави дека одвоила 1.5 милиони евра за исплата на долгот на приватните винариите кон лозарите. А за тоа денеска се пофали пратеникот на СДСМ, Бетиан Китев.

Граѓаните со поделени мислења. Повеќето од нив велат дека на овој начин се поттикнуваат и редовните плаќачи да не ги плаќаат сметките.

Од владата не даваат информации дали и натаму ќе продолжи трендот на плаќање на долговите од нивна страна.

РЕПОРТЕР: АРМЕНД ГАШИ

Извор: ТВ21

Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни