Македонија

Владата дозволи во земјава да влезе и престојува странски вооружени сили

Владата дозволи во земјава да влезе и престојува странски вооружени сили

На денешната седница, Владата донесе и Одлука за влегување и престој на странски вооружени сили на територијата на Република Северна Македонија, на предлог на Министерството за одбрана, заради реализирање на обука во блиска воздушна поддршка со воздухоплови на вооружените сили на САД на Армискиот полигон „Криволак“.

Обуката, којашто е предвидено да се реализира на 15, 19 и 21 октомври 2022 година на Армискиот полигон „Криволак“, е во организација на вооружените сили на Соединетите Американски Држави и има за цел зголемување на интероперабилноста помеѓу НАТО и Република Северна Македонија.

Ноќно студио

Најнова епизода

Ноќно студио со Ивана Петковска, Коалицијата „Сите за правично судење“ 17.09.2026

Сите епизоди →
Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни