Македонија

Владата ги укина визите за исламски аџилак во Мека

Владата ги укина визите за исламски аџилак во Мека

Првиот вицепремиер Артан Груби соопшти дека Владата на денешната седница донела одлука за укинување на визите за аџилак.

„Ја споделувам со вас веста дека на денешната седница на Владата, на предлог на Министерството за внатрешни работи, ја усвоивме одлуката за укинување на излезните визи за полесно обавување на верската обврска на муслиманските верници на нашата земја – Хаџот“, објави груби.

Владата внимателно ќе го следи патувањето на аџиите и ќе биде отворена за секаков вид помош што ќе им биде потребна од државните институции “, се вели во соопштението на Груби.

Ноќно студио

Најнова епизода

Ноќно студио со Андреј Петров, платформа 12:05 29.09.2026

Сите епизоди →
Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни