Македонија

Владата ќе достави гориво за автобусите на ЈСП

Владата ќе достави гориво за автобусите на ЈСП

На денешната вонредна владина седница, одлучено е Владата да ги отвори стоковите резерви и да достави гориво за автобусите на ЈСП да можат редовно да сообраќаат низ главниот град.

ЈСП во следниот период, ќе треба да направи тендер, со кој ќе обезбеди редовна набавка на гориво за своите автобуси.

За веќе закажаната седница на Советот на град Скопје, попладнево од 18 часот, дел од советниците велат дека нејзиното одржување е беспредметно, но со оглед дека веќе е закажана, ќе ја искористат за изнаоѓање на одржливи решенија за проблемот со јавниот градски превоз во Скопје.

Од утринава, граѓаните сами се организираа да стигнат на работа, на училиште, на лекар, па застануваа по автобуските постојки и собираа граѓани кои одеа во ист правец со нив.

Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни