Македонија

Владата ќе одлучува за нов пакет помош за Украина

Владата ќе одлучува за нов пакет помош за Украина

Министерот за одбрана, Владо Мисајловски, најави дека денеска на затворена седница владата ќе донесе одлука за нов пакет помош за Украина. Тој не ги откри деталите за содржината на помошта, но истакна дека ќе биде дефинирана по завршувањето на седницата. Мисајловски увери дека помошта не ќе ја загрози безбедноста на Македонската армија.

Министерот за одбрана изјави дека безбедносната ситуација во земјата е стабилна, но предупреди дека постои ризик од активирање на балканската бегалска рута, особено во контекст на последните настани на Блискиот Исток. Тој додаде дека најголемото безбедносно загрозување за Македонија претставуваат хибридните напади.

Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни