Министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски во изјава за ТВ21 вели дека Владата не донела одлука затоа што законот за личните карти не бил променет, а со тоа личните документи продолжуваат да важат и по 12 февруари.
„Не заради тоа што се поради домашна употреба, туку заради тоа што ние не го сменивме законот за личните карти“, вели Спасовски.
Тој додаде и дека досега променети се околу 1.210.000 патни исправи, 1.100.000 лични документи и 540 илјади возачки дозволи.