Македонија

Владата одлучува за свадбите и маските на отворено

Заседава Владата. Треба да биде донесена одлука за укинување на маските на отворено и дозволување на свадби на отворено до 100 гости и максимум шест лица на маса.

Владата на Република Северна Македонија денеска, со почеток во 9:30 часот ќе ја одржи редовната 74-та седница со повеќе точки на дневниот ред од својата програма за работа и од интерес на граѓаните.

За донесените одлуки и заклучоци од редовната 74-та седница, која ќе се одржи преку видеоконференциска интернет врска, јавноста ќе биде известена преку соопштение веднаш штом ќе биде завршена.

Ноќно студио

Најнова епизода

Ноќно студио со Борче Треновски, универзитетски професор 15.10.2026

Сите епизоди →
Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни