На предлог на АД за изградба и стопанисување со станбен и деловен простор, Владата донесе повеќе од 10 одлуки за продажба на станови во државна сопственост, како и за утврдување на нивните продажни цени.
Се работи за станови низ различни делови од државата кои претходно биле во државна сопственост, а продажбата е дел од стратегијата за управување со недвижен имот.