Министерството за финансии на три аукции на државни хартии од вредност закажани за неделава планира да се задолжи 11 милијарди денари (178,8 милиони евра).
На аукција закажана за вторник (26.12.2023) ќе бидат понудени едногодишни државни записи во износ од 700 милиони денари (11,3 милиони евра) со каматна стапка од 4,25 проценти.
На аукција закажана за четврток (28.12.2023) ќе бидат понудени тригодишни државни обврзници во износ од 6,3 милијарди денари (102,4 милиони евра) со купонска каматна стапка од 4,65 проценти.
Истиот ден е закажана уште една аукција на двегодишни државни обврзници во износ од четири милијарди денари (65 милиони евра) со купонска каматна стапка од 4,55 проценти, пишува Блумберг Адриа.