Македонија

Владата упатува срдечни и најискрени честитки до граѓаните на САД, по повод Денот на независноста

Владата упатува срдечни и најискрени честитки до граѓаните на САД, по повод Денот на независноста

Декларацијата за независноста не е документ само за инспирација на американскиот народ, туку водилка за луѓето од цел свет во нивната борба за слобода и достоинствен живот.

Северна Македонија и САД, изминативе децении имаат цврсто пријателство кое се преточи во традиција на соработка во областите на добро владеење, почитување на човекови права, безбедност и трговија.

Длабочината на односите меѓу САД и Северна Македонија се гледа во континуираната поддршка во остварувањето на клучните стратешки цели на нашата држава, членството во НАТО, како и несебичната поддршка која сега ја добиваме во клучниот период за Северна Македонија – процесот на евроинтеграции. Веруваме и изразуваме благодарност за заложбите на САД и понатамошна поддршка со развојот на нашето општество.

Честитки за овој значаен ден во историјата на САД!

Ноќно студио

Најнова епизода

Ноќно студио со Ацо Ристов, претседател на РКЕ 01.10.2026

Сите епизоди →
Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни