Владиката Петар во интервју за Алфа ТВ вели дека вирусот не е мртов, тој е жив и претставува опасност. Треба да се внимава и почитуваат мерките. Вели дека доколку не се почитуваат мерките ние сме убијци, додека пак ако некој е заболен, а ние комуницираме со него, тогаш сме самоубијци.
„Вирусот не е умрен. Како што рече поранешниот реис. Не е умрен, тој е жив. Јас имам кажано дека мора да живееме со вирусот Ковид-19“, изјави Владиката Петар за Алфа ТВ.
Тој вели дека проблемот е во телесната смрт од Ковид-19, а не во духовната.
„И никако господ да го повикаме и да расчистиме многу работи, не само со Ковид-19, туку и други болести и јас велам поради непослушноста, заради законите божји и заради Адам и Ева што не ја послушале единствената забрана да не јадат од плодот се случи тоа што се случи, духовно се одделија од Бога“, додаде Владиката.
Владиката додаде дека ова е болест која сите не загрижува.
.