Breaking Процес Брдо-Бриони во Охрид
Македонија

Владина седница во 11 часот – ќе се разгледува Информацијата за новиот пакет на рестриктивни мерки на ЕУ

Владата на Република Северна Македонија, денеска, 24.02.2022 година (четврток) ќе ја одржи 17-тата редовна седница.

На оваа седница на разгледување и усвојување е Информацијата за новиот пакет на рестриктивни мерки на ЕУ во поглед на ситуацијата во Украина со препорака за придружувањето на Северна Македонија кон сите одлуки на ЕУ за овој вид на рестриктивни мерки.

Министрите денеска ќе ја разгледаат и Информација за потребата од обезбедување сместување на државјани на Северна Македонија и членовите на нивните семејства по нивна евакуација од Украина.

За заклучоците и одлуките од седницата, којашто е предвидено да започне во 11:00 часот, јавноста ќе биде информирана со соопштение, веднаш по нејзиното завршување.

Ноќно студио

Најнова епизода

Што може да руча студент со 140 денари? | „Ноќно студио“ со Бленди Ходаи

Сите епизоди →
Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни