Македонија

ВЛЕН: Пријавата кон Бектеши е потврда за корумпирано минато на ДУИ

ВЛЕН: Пријавата кон Бектеши е потврда за корумпирано минато на ДУИ

Коалицијата ВЛЕН ја поздравува и поддржува секоја активност која има за цел зајакнување на правото и редот во Северна Македонија.

„Веруваме дека гонењето на незаконските дејства и корупцијата е клучно за обезбедување на правичен и равноправен систем за сите граѓани.
Последната кривична пријава против поранешниот министер за економија, Крешник Бектеши, за “опструкција на правдата”, која се сомнева дека е извршена еден ден пред парламентарните избори, јасно и недвосмислено покажува дека партијата од која потекнува Бектеши била дел од октопод на криминал, корупција и крадење на гласовите.

Овој случај е силна потврда дека долгогодишното владеење на партијата на Бектеши донело не само крадење од граѓаните, туку и невиден притисок врз Албанците за да го изразат својата слободна волја преку гласање..

Коалицијата ВЛЕН секогаш ќе се залага за владеењето на правото, а никогаш за политички реваншизам. Затоа, ги повикуваме правосудните органи преку правилна и правична постапка предметното лице да ја докаже својата невиност или да се докаже неговата вина во зависност од доказите“, велат од ВЛЕН.

Ноќно студио

Најнова епизода

Ноќно студио со Борче Треновски, универзитетски професор 15.10.2026

Сите епизоди →
Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни