Македонија

ВМРО-ДПМНЕ е за достоинствено одбележување на 4 февруари

ВМРО-ДПМНЕ е за достоинствено одбележување на 4 февруари

Очекувам на 4 февруари да има достоинствена манифестација, достоинствено одбележување на годишнината од раѓањето на Гоце Делчев. Но, поважен е контекстот и сето она што се случува сега со Бугарија, тука се нашите главни забелешки. Се сруши како кула од карти политиката на оваа Влада на СДСМ и ДУИ кои во континуитет ја водат од 2017 година кога го потпишаа Договорот за добрососедство и пријателство со Бугарија за кој за жал се виде дека не е ни за добрососедство, ни за пријателство и со последниве случувања се виде дека таа политика на попустливост не дава резултати и не ја води Македонија никаде, рече Александар Николоски, потпретседател на ВМРО-ДПМНЕ на гостување во Тема на денот на централниот Дневник на телевизија Сител.

Тој укажа дека ВМРО-ДПМНЕ сака да има достоинствено одбележување и затоа го вклучува Патриотскиот институт, бидејќи институциите под Владата немаат капацитет за такво нешто.

„Институциите се длабоко дерогирани во изминатите години, професионалноста е на многу ниско ниво, вториот и посуштински дел е односот на Владата кон ова негаторско однесување кон Македонија и Македонците, затоа реков, политиката на постојано попуштање доживува фијаско, удрија во темелите на македонскиот јазик и народ и како никогаш порано од 1944 од АСНОМ до денес, не се урнати повеќе позициите и никогаш повеќе не било удрено во темелите почнувајќи од потпишување на Договорот со Бугарија па се до сега“, посочи Николоски.

Ноќно студио

Најнова епизода

Ноќно студио со Ивана Петковска, Коалицијата „Сите за правично судење“ 17.09.2026

Сите епизоди →
Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни