Македонија

ВМРО-ДПМНЕ ги комплетираше листите за локалните избори

ВМРО-ДПМНЕ ги комплетираше листите за локалните избори

Генералниот секретар на ВМРО-ДПМНЕ, Ѓорѓија Сајкоски, денеска пред седиштето на Државната изборна комисија соопшти дека партијата ги комплетирала листите за советници и кандидати за градоначалници за претстојните локални избори на 19 октомври.

Тој изјави дека дел од кандидатите се актуелни градоначалници кои постигнале резултати, а дел се нови имиња „профилирани во средините од каде што доаѓаат“.

„Партијата е целосно мобилизирана и очекуваме голем успех – повеќе советници и повеќе градоначалници од 2021 година,“ нагласи Сајкоски, додавајќи дека граѓаните го ценат сработеното и квалитетот на понудените кандидати.

Рокот за поднесување на кандидатурите за градоначалници и листите за советници во сите општини и Град Скопје истекува вечерва на полноќ.

Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни