Од ВМРО-ДПМНЕ велат дека на сите им е јасно кој раководи со јавните претпријатија во град Скопје.
„Дури и врапчињата знаат дека конкретно со Дрисла раководи ДУИ.
Дрисла, ѓубрето во Скопје и состојбата во Дрисла е резултат на неспособноста на Данела Арсовска и нејзините другари од ДУИ.
Граѓаните на Скопје не се виновни за хаосот што го прави Арсовска и Скопје не смее да биде заложник на Арсовска и коалицијата СДС-ДУИ-Левица.
Време е да се стави крај на црните сценарија, фабрикуваните кризи и штетни сценарија за граѓаните на Скопје од страна на коалицијата Арсовска-ДУИ-Левица.
Граѓаните на Скопје не смеат да бидат заложници на Арсовска и неспособните кадри од ДУИ. СДС треба да знаат, граѓаните не се наивни, граѓаните знаат кој ветува а кој исполнува.
ВМРО-ДПМНЕ има јасна визија, план и цел, ќе го решат овој проблемот со депониите за граѓаните конечно да го добијат она што го заслужуваат, а тоа е почиста животна средина, почист воздух и намалување на бројот на дивите депонии.
ВМРО-ДПМНЕ и Орце Ѓорѓиевски имаат сеопфатна стратегија за почиста животна средина, почист воздух и поквалитетен живот на граѓаните“, порачаа од партијата.
На ова со реакција се јави и јавното претпријатие Дрисла од каде за проблемите прстот го вперија токму кон претпријатието, но и кон премиерот Христијан Мицкоски и „неговите другари“.
„Бидејќи очајното ВМРО ДПМНЕ на чело со Мицкоски, разузнавачки информации изјавува дека добива од врапчиња, истите тие врапчиња не им јавиле дека конкретно со Дрисла раководи другар на Мицкоски.
Дрисла, ѓубрето во Скопје и состојбата во Дрисла е резултат на неспособноста на Христијан Мицкоски и неговите другари од факултет.
Граѓаните на Скопје не се виновни за хаосот што го прави другарот на Мицкоски од Машински факултет со кој двајцата се таму професори, господинот Даме Димитровски кој е претседател на управниот одбор на Дрисла и Скопје не смее да биде заложник на Мицкоски и коалицијата ВМРОВЛЕН.
Време е да се стави крај на црните сценарија, фабрикуваните кризи и штетни сценарија за граѓаните на Скопје од страна на коалицијата Мицкоски-ВМРО-ВЛЕН, кои само на Мицкоски му одговараат.
Овој очајно неспособен политичар единствен начин да дефокусира од тоа што 4 години над 500 лица од ВМРО и ВЛЕН раководат со управните и надзорните одбори на претпријатијата и креираат хаос, е сега тој хаос да се обиде да го префрли врз друг.
Граѓаните на Скопје не смеат да бидат заложници на Мицкоски и неспособните кадри од ВМРО. ВМРО треба да знаат, граѓаните не се наивни, граѓаните знаат кој ветува, а кој исполнува.
ВМРО-ДПМНЕ немал јасна визија, план и цел, во изминатите 4 години како власт во Советот на Град Скопје и јавните претпријатија како да реши ниту еден проблем, само тераа инает.
ВМРО и Мицкоски да биле способни да го решат овој проблемот со депониите за граѓаните конечно да го добијат она што го заслужуваат, како власт во Советот и претпријатијата во Скопје до сега имаа можност да го направат тоа.
ВМРО-ДПМНЕ и Орце Ѓорѓиевски имаат сеопфатна стратегија како да ви ги упропастат следните 4 години од живот во Скопје и нема да видите ништо од почиста животна средина, почист воздух и поквалитетен живот“.