ВМРО-ДПМНЕ: Колата за која збори Таче му зариба, нека трепне ако е киднапиран од ДУИ

Од ВМРО-ДПМНЕ порачаа премиерот Димитар Ковачевски да трепне доколку е киднапиран.

Според нив, „колата за која збори Таче му зариба, зошто наместо горивото изразено во милиони евра во тендери, наместо во народниот резервоар течеше во приватните џебови на власта“.

„Корупцијата на власта е нотирана во сите извештаи на меѓународните институции.

Ковачевски денес кога зборуваше за локалната самоуправа барем признава дека општините се блокирани и кочени од централната власт, но и при таква состојба бројот на проектите за народот се огромни и градоначалниците на ВМРО-ДПМНЕ се без ниту една афера зад себе.

Тоа што Ковачевски не се откажува од техничката влада значи дека ДУИ му забрани да се откаже од идејата оваа техничка влада да има премиер од криминализираната ДУИ и е потврда дека всушност и со оваа влада управува ДУИ со подизведувач СДС.

Наредната изјава барем Ковачевски да трепне два пати како сигнал дека не е киднапиран од ДУИ“, велат од ВМРО-ДПМНЕ.

Следете го 4NEWS.mk на друштвените мрежи Facebook | Twitter | Instagram, како и преку нашиот Viber чет.
spot_img

Најважното