Македонија

ВМРО-ДПМНЕ на исценираните инциденти на Левица гледа како евтина провидна и договорена драма меѓу Апасиев и Левица со ДУИ и СДС

ВМРО-ДПМНЕ на исценираните инциденти на Левица гледа како евтина провидна и договорена драма меѓу Апасиев и Левица со ДУИ и СДС

ВМРО-ДПМНЕ на исценираните инциденти на Левица гледа како евтина провидна и договорена драма меѓу Апасиев и Левица со ДУИ и СДС.

„Дотолку повеќе што присутната коалиција СДС, Левица и ДУИ во градот Скопје од денес започна да функционира и во Собранието.

Навистина е чудно бурното реагирање на Левица за Деловникот, наспроти молчењето во Собранието за францускиот предлог или за скандалот на онкологија.

Всушност Апасиев кога не беше за филибастеринг и беше коалициски партнер на СДС и советник на СЈО заговараше минатиот претседател на Собрание Велјановски да биде избркан на (цитираме) “шамари, клоци и тупаници”.

Евтиниот театар на Левица, ДУИ и СДС за тема која никако не е приоритет на граѓаните само го покажува лудилото на власта и нивните слуги до каде може да одат во ловот по евтини поени“, велат од ВМРО-ДПМНЕ.

Ноќно студио

Најнова епизода

Продажба или стечај за Алта банка? Ноќно студио со Славко Лазовски 12.11.2026

Сите епизоди →
Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни