Вечерва, само еден час по затворањето на гласачките места, пред централниот штаб на ВМРО-ДПМНЕ во Скопје се поставува бина, каде што според најавите од партијата ќе се одржи прослава по повод очекуваната голема победа во вториот круг од локалните избори.
Од партијата велат дека резултатите од теренот им даваат основа за оптимизам и славеничка атмосфера.
Пред седиштето веќе се поставува разглас, светлосна опрема и партиски обележја, а се очекува во доцните вечерни часови таму да се соберат членови и поддржувачи на ВМРО-ДПМНЕ заедно да ја прослават изборната победа.