Македонија

ВМРО-ДПМНЕ: Нема збор кој може да опише колку во СДС немаат интелигенција

ВМРО-ДПМНЕ: Нема збор кој може да опише колку во СДС немаат интелигенција

СДС го потпиша договорот за промена на името, ги смени сите закони, веруваше експресно членство во ЕУ. Резултатот 5 години потоа, никогаш не сме било подалеку од ЕУ.

СДС само штета прави за државата.

Исто како за промената на името, сега прави и за промената на уставот.

Нема позиција на државата која не ја уништија, и нема ниво кое не го пробија.

Со СДС и ДУИ сме на врвот на листите на мизерија, пред нас се држави како Алжир, Тунис и Нигерија. Со СДС и ДУИ се пука по улици, и нема одговорност за убиства. Со СДС и ДУИ се крадат десетици милиони од РЕК.

Партијата која Каевски го направи милионер ставајќи го пратеник ја уништи Македонија. Со право народот вели дека немаме држава, време е да ја вратиме, се наведува во партиската реакција.

Интегрално соопштение од ВМРО-ДПМНЕ

Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни